Спектакуларната турнеја насловена „ЛАВ“ на регионалната музичка ѕвезда и една од најпопуларните пејачки на Балканот, Милица Павловиќ, започна со голем концерт во белградската Арена, по што одржа уште два подеднакво спектакуларни концерти во Нови Сад и Загреб.
„Секси Сењорита“ во изминатите дванаесет години ни покажа дека е можно да се постигнат исклучителни резултати и да се направи одлична кариера единствено и само благодарение на добрите песни, настапите и нејзината работа. Максималната посветеност на кариерата, беспрекорниот имиџ и големите хитови и ја обезбедија титулата најпопуларна пејачка од помладата генерација.
Сите овие години се трудеше на публиката да и го даде најдоброто на секое поле, а е позната и како врвен изведувач, нема сомнеж дека нејзините фанови на 14 февруари 2025 година за Денот на вљубените, во С.Ц. „Јане Сандански“ во Скопје ќе имаат можност да уживаат во концертна експлозија од неверојатна енергија и апсолутен аудио-визуелен спектакл кој веќе го освои целиот регион. Неверојатна тричасовна програмата, преточена во нејзините хитови, танцот, емоциите, драмата, забавата со кои Милица Павловиќ ќе ви подари една незаборавна ноќ.
Нејзините најголеми хитови како: „Танго“, „Секси сенорита“, „Љуби, Љуби“, „Богиња“, „Могла сам“, „Оперисан од Љубави“, „Еј жено“, „Тако ми и треба“, „Кидаш ме“, „Око моје“, „Шеќеру“, „Провероно“, „Посесивна бивша“, „Лов“, „Кучкетина“… како и песните од новото ЕП: „Таа носи Прада“, „Прости“ и „Господи мој“ ќе ја обележат вечерта во која љубовта и емоциите ќе се измешаат со доброто расположении и беспрекорната концертна журка.
Милица Павловиќ на 14-ти февруари 2025 година во С.Ц. „Јане Сандански“ во Скопје на голем концерт во живо како дел од спектакуларната регионална турнеја „Лав“!
Резервации на: 078/570 470. Влезници на: karti.com.mk.