Марина Сати со песната „Зари“ ќе ја претставува Грција на 68. издание на „Евровизија“.
Во „Зари“ се зборува за љубовта, но и за ризиците што некогаш треба да се преземат – како коцката што ја фрламе, не знаејќи што може да ни донесе.
Во Шведска во мај, Грција ќе настапи во првата половина од второто полуфинале, четврток, 9 мај.
„Зари“ ќе ја претставува Грција на 50-годишнината од првото учество на државата во музичкиот натпревар. (МИА)