Бројни светски медиуми со денови шпекулираат за причината поради која холандскиот претставник Јост Клајн е дисквалификуван пред самото финале на Евровизија.
Холандскиот претставник и неговата песна „Europapa“ беа меѓу фаворитите на овогодинешното натпреварување на Песна на Евровизија. Јост Клајн е дисквалификуван пред финалето на Евровизија, а шведските медиуми наведуваат дека причина за тоа биле наводни закани кон фотографка. Шведскиот „Афтонбладет“ пишува дека Холанѓанецот признал дека направил „залет со дланката“.
– Маж е осомничен за незаконски закани во Малме Арената во четвртокот вечерта. Осомничениот бил сослушан, но не и приведен. Тужителката која ја примила оваа незаконска закана е вработена во Евросонг – рекол за шведските медиуми Емил Андерсон, шеф на истражниот оддел во Малме.
Според извор за „Афтонбладет“, Клајн наводно признал сè за време на сослушувањето и рекол дека бил под голем стрес поради сите фотографи па ги замолил да престанат да снимаат. Кога не го послушале, тој се налутил и ја кренал раката и ја нападнал фотографката. Сепак, не ја удрил.
Да потсетиме, организаторите пред финалето ја објавија веста дека Јост е дисквалификуван поради наводно навредување на снимателката. Тој не настапи на генералната проба.