Еден од најконтроверзните настапи на овогодишниот Избор за песна на Евровизија е оној на израелската претставничка Иден Голан. Поради агресијата на Израел врз Газа, многу гледачи се собраа во Малме и побараа од ЕБУ таа да не настапува.
Публиката за време на генералната проба скандирала „Free Palestine“, а снимките станаа вирални на социјалните мрежи. Снимен е и еден маж како го подигнува палестинското знаме.
‼️‼️‼️
The EBU will silence the reaction of those in the arena during the semi final 2 live show tomorrow. PLEASE know that the cheers you hear after her performance live are FAKE. #Eurovision2024 pic.twitter.com/QFAplezz7E
— elliot 🇦🇲🍉 (@jagblundarr) May 8, 2024
Како што пишуваат фановите на Евровизија на „Х“, за време на финалето продуцентите наводно ќе ги стишат вистинските реакции на публиката и ќе пуштат лажен аплауз, а се појави и видео од пробата на која се гледа дека публиката ја исвиркува израелската претставничка.
Crowd yelling Free Palestine 🇵🇸during Eden’s performance pic.twitter.com/3H1iw4p6KT
— Priyant (@Priyant1987) May 8, 2024
Сепак, Иден за странските медиуми изјави дека е горда што ја претставува својата земја.
„Ова е многу важен момент за нас, особено оваа година. Се чувствувам почестена што имам можност да бидам гласот на мојата земја“, рече таа.
За потсетување, Иден не се појави на свеченото отворање на ова музичко натпреварување поради страв од терористички напад. Во и околу хотелот во кој таа престојува има 24-часовно обезбедување.
Претходно ѝ беше советувано да не ја напушта хотелската соба, освен ако не оди на проби или настапи, до што таа се придржува.