Вчера се одржа првата вечер од музичкото натпреварување „Евровизија 2024“ , а многу натпреварувачи го шокираа светот со своите настапи, меѓу кои и претставникот од Финска кој излезе на сцена без гаќи.
„Виндоус 95 мен“ (Windows95man), кој се претстави со песната „No Rules“, ги изненади сите кога излезе на сцената без долна облека.
Имено, тој излезе на сцената од големо јајце , додека носеше маица, но без панталони или долна облека, а на целиот свет му го покажa голиот задник.
Неговиот настап на „Евровизија“ секако привлече големо внимание.
Неговите фотографии од скандалозниот настап веднаш се појавија на социјалните мрежи, каде луѓето ги коментираа овие сцени.
„Човек без долна облека на Евровизија… Па, тоа уште не сме го виделе”, „Ова нема смисла“, „Веќе ништо не нѐ изненадува“, продолжија коментарите.