Музика

Евровизија ја отфрли можноста Израел да се исклучи од натпреварувањето

Изборот за песна на Евровизија ќе се одржи од 7 до 11 мај во Шведска.

Евровизија ја отфрли можноста Израел да се исклучи од натпреварувањето

Организаторите на Евровизија денеска ја отфрлија можноста за исклучување на Израел, сосема спротивно од она што го направија само еден ден по почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година.

Повици за забрана на Израел од натпреварувањето пристигнаа од неколку земји, по почетокот на војната во Газа, предизвикана од нападот на движењето Хамас врз јужен Израел.

-Споредбите меѓу војната и конфликтот се сложени и тешки. Ние, како аполитична медиумска организација, веруваме дека не е наше место да правиме такви споредби, изјави за АФП Ноел Куран, извршен директор на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која ги собира радиодифузерите на натпреварот.

Тој рече дека ЕБУ е „свесна“ за многуте гласови што се креваат за да се исклучи Израел од овогодинешниот натпревар, кој во мај ќе го претставува пејачот Еден Голан.

-Меѓутоа, изборот за песна на Евровизија е неполитички музички настан и натпревар меѓу јавните радиодифузери кои се членки на ЕБУ. Тоа не е натпревар меѓу владите, рече Куран.

Според него, во случајот со Израел, раководството на ЕБУ се согласило дека израелскиот јавен радиодифузер Кан ги исполнил сите услови на натпреварот за оваа година и дека може да учествува, како и во претходните 50 години.

Од друга страна, во случајот со Русија, „рускиот радиодифузер беше суспендиран од ЕБУ поради постојано неисполнување на обврските за членство и кршење на вредностите на јавниот сервис“, рече тој.

Куран додаде дека односот меѓу јавниот радиодифузен сервис Кан и израелската влада е „фундаментално различен“ од оној меѓу руската телевизија и Москва, тврдејќи дека израелската влада „се заканувала во последните години дека ќе го затвори Кан“.

Изборот за песна на Евровизија ќе се одржи од 7 до 11 мај во Шведска.

To top