Музика

Броиме ситно до „Прилеп Фест”: Наум Петрески на сцената ќе настапи со сопругата Зуица и нивниот син Стефан

Броиме ситно до „Прилеп Фест”: Наум Петрески на сцената ќе настапи со сопругата Зуица и нивниот син Стефан

Уште нецели две недели до одржување на деветотто издание на реномираниот музички фестивал за народна музика – “Прилеп Фест 2024”.

На 1-ви ноември, односно во петок на сцената во домот на културата “Марко Цепенков” во Прилеп ќе имаме прилика да ги слушнеме и видиме најистакнатите музички фолк имиња од нашата земја.

Листата на изведувачи е навистина голема, а ова се само дел од нив: Анета Љумаковска, Перо Христов, Татијана Стефановска, Спасен Сиљановски, Елена Велевска, Чеде Спасиќ, Стојне Николова, Дамјан Димевски и уште многу други.

Она што ќе биде вистинско изненадување на вечерта е заедничкиот настап на Наум Петреска, неговата сопруга Зуица Лазова и нивниот син Стефан.

Мора и да се напомене дека освен што ќе ги видиме добро познати музички ѕвезди, фестивалот останува верен на својата традиција да им даде простор и на новите музички надежи, овозможувајќи им афирмација пред широката публика и љубителите на фолк музиката.

Со други зборови не очекува одличен фестивал и одлични нови песни..

To top