На 1-ви ноември во домот на културата “Марко Цепенков” во Прилеп ќе се одржи деветотто издание на реномираниот музички фестивал за народна музика – “Прилеп Фест 2024”.
На деветотто издание учество ќе земат најпознатите музички имиња од фолк сцената, а се очекуваат гости и од соседните земји.
Се разбира, шанса ќе добијат и новите музички надежи, бидејќи овој фестивал е одлична можност за афирмација пред љубителите на фолк музиката и широкиот аудиториум.
„Ветуваме одличен фестивал, одлични композиции и најважно пред сѐ, дружење и забава. Ќе настапат познати музички ѕвезди, па за тоа нема да не чуди ако влезниците како и минатите години се распродадат во рекордно време. Оваа година не очекуваат новитети, но рано е уште од сега да откриваме“, велат организаторите.
Се гледаме на 1-ви ноември во Прилеп…