Македонскат поп дива Калиопи Букле вчера го промовираше своето најново дискографско аудио парче едноставно насловено „Албум“.
„Албум“ содржи 10 песни, од кои неколку се веќе познати и излегоа како претходница на новиот материјал, како на пример „Кад осване“ или дует песната со Жељко Самарџиќ насловена „Знам“, додека останатите се сосема нови и за нив се изработени и видеоспотови.
Инаку целокупниот материјал како композитор го потпишува Ромео Грил, кој и самиот е аранжер на песните и музички продуцент на албумот, а воедно и свири клавијатури и бас гитара, но бил и задолжен за програмирањето. Стиховите за дел од песните исто така ги напишал тој, дел самата Калиопи.
Како потенцијален хит се издвојува песната испеана на македонски која го отвора албумот, ритмичната „Ела“ која долго ќе се врти во радиоетерот на сите радиостаници. Иако можеби и нетипична за стилот на Калиопи, но совршено избалансирана и погодена уште на прво слушање да биде веднаш препознаена за пеење во еден глас, за танц и забава. Со заразен рефрен и стихови кои како грст прашалници, непознаници, недоумици, проблеми и дилеми збунувачки се испреплетуваат во главите на денешните тинејџерки, „Ела“ е веројатно новиот радиски хит за ова лето.
Во албумот има и емотивни балади, па секој ќе си го пронајде омилениот хит во ова парче „Албум“.
Во продолжение ви пренесуваме дел од новите песни. Уживајте!