Промо

Еразмус ги усовршува академските и личните искуства на студентите

Еразмус ги усовршува академските и личните искуства на студентите

„Европска регионална акциона шема за мобилност на студенти“ или Еразмус е иницијатива создадена од Европската Унија за поддршка на студентите и училишниот персонал во областите образование, обука, уметност и спорт. Програмата има цел да ја поттикне мобилноста меѓу европските училишта и универзитети, давајќи можност студентите да студираат во странство и да стекнат драгоцено мултинационално искуство и знаење. Примарната цел е да го подобри лингвистичкото и културното разбирање на студентите, да го збогати професионалното опкружување и да ја промовира соработката меѓу високообразовните институции, придонесувајќи кон развој на висококвалификувани идни експерти со проширена меѓународна перспектива.

Еразмус програмата е популарна меѓу домашните студенти и е достапна и за оние кои ќе се одлучат студиите да ги продолжат во Словенија. Еден од условите за студентите да се приклучат на програмата е да бидат запишан во високообразовна институција која е носител на Универзитетската повелба Еразмус. Прогресивно, студентот треба да иницира потпишување договор со одреден Универзитет или училиште за реализација на програмата. Студентот со догворот се обврзува да достави листа со наведени предметите во кои ќе учествува и бројот на кредити што ќе ги заработи.

Преку овој договор, периодот на мобилност треба да биде признаен и прифатен од матичната институција. Студентите кои влегуваат во програмата однапред добиваат дел од финансиските средства од грантот Еразмус, кој обично изнесува 80% од вкупниот грант. За време на престојот на избраниот универзитет, студентите не треба да плаќаат школарина, лабораториски такси, библиотечни такси или какви било слични трошоци. Понатаму, имаат можност да ја задржат добиената стипендија од Факултетот и покрај средствата од програмата Еразмус.

„Имав можност да бидам студент на ФУДШ во во првиот семестар од мојата последна година на дипломските по меѓународни и дипломатски науки на Универзитетот во Трст. Добив многу топло добредојде и веднаш се почувствував како дел од системот, без да ме остават настрана поради моето непознавање на словенечкиот јазик: сите професори и студенти беа многу среќни што го менуваа својот јазик само за мене. Ова искуство ми отвори многу врати. Имав можност да се специјализирам за добрите, за лошите страни и за општите прашања на транснационалниот живот во академска смисла и тоа ме натера да напишам теза за историјата (од италијанска перспектива) на Горица (градот во кој студирав/ студирам) пред раѓањето на Европа (особено Шенгенскиот договор). Размислувам да работам во GECT GO. ФУДШ ме направи флексибилен во однос на сите различни области на студии, дозволувајќи ми да разберам како да го спојам целото знаење дури и ако одредена тема се занимава со различни гранки на студии“, вели студентот Алберто Фано.

Оваа програма се очекува позитивно и трајно да влијае на учесниците и развојот на политики и процедури на национално ниво. Во Програмата се инкорпорирани различни активности на оваа иницијатива, но неколку клучни служат како нејзина основа. Тематски курсеви, посети на работно место, долгорочни практиканти, презентации од поканети експерти, задачи за настава и обука, учество на натпревари за вештини, работилници, организирани дебати, акции за солидарност и секако, слободно време за правење креативни проекти и активности од областа на спортот, уметноста, науката и друго.

Постојат неколку причини зошто програмата Еразмус е многу корисна за студентите и нуди огромни можности за нивните идни напори. Можностите за персонален раст и развој, како и за формирање на кариерен пат се мултиплицираат со желбата да се осознае новиот свет.

Културната размена е можност студентите да се нурнат во различна култура, да дојдат во допир со поразлична академска средина, јазик, итн. Ова поттикнува поголемо меѓу-културно разбирање, толеранција и ценење за различноста.

Академското збогатување овозможува студентот да пристапи до поширок опсег на курсеви, академски ресурси и наставни методи кои можеби не се достапни во нивните матични институции. Ова ги проширува нивните хоризонти и го подобрува нивното искуство за учење.

Личниот развој е резултат на живеење и студирање во странска земја. Ги предизвикува учениците да излезат од нивните комфорни зони, да се прилагодат на новите ситуации и да развијат независност и еластичност. Овие искуства придонесуваат за личен раст и зрелост.

Засилената можност за вработување е атрактивна можност за секој студент, особено затоа што меѓународното искуство и културната компетентност се високо ценети од страна на работодавците во денешниот глобализиран свет. Учеството во програмата Еразмус ја покажува подготвеноста на студентот да преземе иницијатива, флексибилност и способност да работи во различни средини и услови, со што се зголемува неговата вработливост.

Можностите за вмрежување се секогаш зад аголот. Еразмус овозможува студентите да изградат мрежа на меѓународни контакти, вклучувајќи колеги студенти, академици и професионалци, кои може да бидат вредни за идни академски соработки, можности за кариера и лични врски.

Можностите за патување се најдобри пријатели на студентот. Додека учествуваат во програмата Еразмус, студентите може да патуваат и да истражуваат различни дестинации низ Европа. Ова овозможува да ги зголемат своите искуства, да создаваат доживотни спомени и да ги прошират своите перспективи.

Постојат можности за истражување за студентите кои бараат дипломи засновани на истражување. Еразмус обезбедува можности за соработка со меѓународни научници, пристап до специјализирани истражувачки капацитети и учество во истражувачки проекти и експерименти во странство.

Во широка смисла, програмата Еразмус ги усовршува академските искуства на студентите и придонесува за нивниот личен, професионален и културен развој, подготвувајќи ги да бидат граѓани на модерниот свет кој се развива се повеќе. Затоа при изборот на студиите, одберете институција која е носител на Универзитетската повелба Еразмус и искористете го максимумот за личен напредок.

To top