Шнола за коса на Канаѓанката Ванеса Чапут делумно ѝ го спаси животот за време на напад од гризли мечка. Нападот се случил на поплочена патека Транс Канада, според Службата за заштита на природата на Јукон.
Ванеса, 24, во тоа време џогирала со својот германски овчар, Луна. Наишле на три мечки, а четврта се криела во близина. Нејзиното куче успешно ги избркало двете помали мечки, но големиот мажјак скокна врз Ванеса додека таа се криела зад дрво.
Главата на Ванеса завршила во устата на мечката, но штипката за коса која ја носела, го исплашило животното.
-Мечката ме собори, ја зграби мојата глава во устата и завршив на земја. Се чувствуваш како кукла од партали и не можеш ништо да направиш. Се сеќавам како ме фрлаше наоколу, рече Ванеса.
Мечката ја пуштила Ванеса откако се исплашила бидејќи федерот од шнолата пукнал во нејзината уста.
„Изненадена сум колку имав среќа“
Во комбинација со лаењето на Луна, гризли мечката избегала од местото на настанот. Потоа Ванеса се упатила кон автопатот и побарала помош.
Таа претрпела повреди на ‘рбетот, бутовите и рацете, заедно со оштетување на нервите, што доведело до 10 дена поминати во болница и повеќе од 30 конци.
-Многу сум изненадена колку имав среќа. Исклучително сум благодарна што Бог ме чуваше тој ден. Не ги обвинувам мечките за она што се случи и не го обвинувам моето куче ниту себеси. Бев на погрешно место во погрешно време и можеше да му се случи на секого, додаде таа.