Живот и Стил совет

Совети за подобра, помирна и посилна врска или брак

Партнерот е неверојатен човек ако нè предизвикува да бидеме најдобра верзија од себе, смета терапевтот за брак и врски, Џон Готман. Тој нуди одговори на прашањето: Што е она кон коешто треба да се стремиме во нашите врски и во текот на целиот наш живот?

Совети за подобра, помирна и посилна врска или брак

Партнерот е неверојатен човек ако нè предизвикува да бидеме најдобра верзија од себе, смета терапевтот за брак и врски, Џон Готман. Тој нуди одговори на прашањето: Што е она кон коешто треба да се стремиме во нашите врски и во текот на целиот наш живот?

Како истражувач, Готман ги проучува паровите и проблемите што разделуваат двајца во врска. Тој открива дека постојат четири различни однесувања како најверојатни показатели за развод. Ги нарекува „Четири јавачи: одбранбеност, избегнување, презир и критика“, алудирајќи на легендарните „четворицата јавачи на апокалипсата“. Иако сите се меѓусебно поврзани, критиката игра фундаментална улога во другите три клучни предвидувачки знаци за развод. Дури и избегнувањето, на пр., може да биде последица на тоа што едниот или двајцата партнери се премногу критични кон другиот и вклучува внатрешен презир што се храни од огорченоста на едниот кон другиот.

Од друга страна, пак, постојат неколку непривлечни навики коишто посочуваат дека двајца се во навистина добра врска. Следат пет совети и особини што ако врската ги има – веројатно оди многу подобро отколку што мислите, дури и ако не секогаш изгледа така.

И двајцата ќе го прифатите она што не можете да го контролирате

Фрустрациите се вообичаена појава кога големи или мали работи што сакаме да ги промениме или, во нашите умови, да ги подобриме, поправиме – не оди како што е замислено. Сепак, никој од нас нема време да биде насекаде, во секое време, и во полн капацитет да се грижи за секоја ситница. Затоа, според стручњакот, мора да научиме да се опуштиме. Исто така, ќе треба да научиме како подобро да комуницираме со сопружникот, дури и кога сте лути.

– Ако успехот на бракот се заснова на почит и еднаквост, тогаш презирот (спој од непочитување и гадење) е сосем спротивното. Личноста која е презрена е потопена во „морална супериорност“ и го смета својот сопружник/-чка за недостоен/-јна за време, почит или основно внимание. Препознавањето и реконструкцијата на вашите комуникациски обрасци е важно бидејќи презирот е акумулација на вриечки емоции, истакнува Готман.

Расправии без лични напади

– Можеби не разбирате што се случува во вашиот брак. Можеби имате бесен презир што всушност бара начини да го натера вашиот сопружник да се чувствува што е можно поинфериорно од вас. Сепак, ако сакате вашиот брак да има каква било шанса за опстанок, мора да го запрете деструктивното однесување. Престанете да користите сарказам и сурови дофрлувања кон вашиот сопружник. Не го правете тоа без оглед на тоа како се чувствувате, нагласува стручњакот.

Имено, додека работите на спасување на бракот, ако циничните коментари не прекинат, разочарувањето и другите негативни емоции се претвораат во огорченост. А пак, огорченоста фаќа длабоки корени, коишто потоа стануваат само пожилави и понепобедливи. На крајот, неизбежно, останува само цинизам, злобен хумор, потсмев, навредливо подбивање, осудување.

Совет: Направете напор за добронамерна комуникација, и поради себеси и поради сопружникот.

Самопреиспитување

Презирот произлегува од натрупување неискажани или погрешно искажани разочарувања и огорчености. Можеби се обидел/-а да ги каже своите потреби на сопружникот во минатото и не го добил/-а одговорот што е потребен. Можеби повредената личност искрено верува дека на другиот не му/ѝ е грижа или не ја/го сака. Можеби се чувствува осамено во бракот.

Совет: Треба да ги обработите своите емоции за да најдете решение и да имате подобар однос. Работата со терапевт за ова чувствително прашање може да помогне за побрзо да се разјаснат нештата и да го одделите она што навистина е за вас од она што му припаѓа на сопружникот.

Жалење без критикување

Говорењето за она што ни пречи, веројатно, не е нешто што би го сметале за плодотворен начин за надминување на презирот кон сопружникот. Сепак, Готман ја има тн. „триделна формула“ за не секогаш пријатното жалење.

– Започнете со изразување на вашите чувства, а не со осудување или критикување. Нешто како: „Се чувствувам тажно/загрижено/повредено“… Потоа опишете ја состојбата или однесувањето што води до тоа чувство, на пр.: „Кога не одговараш на моите пораки во денот“. На крајот, наведете ја позитивната промена во однесувањето што треба другиот да ја направи за да се чувствувате подобро: „Може ли, те молам, да одвоиш малку време да одговориш барем двапати во текот на денот за да знам дека ги прочитавте моите пораки?“, појасни Готман.

Тој вели дека е важно во тоа жалење е да ги претставите своите чувства и потреби на здрав начин и двојката заедно да работи на решение на проблемот. Сепак, според стручњакот, како и во други случаи, и тука решението мора да ги задоволи и двете страни.

Имајте ги предвид туѓите чувства

Емпатијата е клучна за успешен брак. Таа вклучува многу почит кон другата личност и грижа за подлабоко да разберете што чувствува таа личност, обидувајќи се да се ставите во нејзината или неговата кожа. Барањето разбирање значи поставување прашања, слушање со намера да научите и потврдување на изразените чувства. Емпатијата и презирот не може да ги има на исто место, бидејќи тие се дијаметрално спротивни особини. Затоа, ако навистина сакате да престанете да чувствувате презир во вашиот брак, отворете го срцето и бидете отворени, советува терапевтот.

Последниот совет гласи: Создадете емоционален, па дури и духовен простор за вашиот сопружник и за сè што му е потребно, за да се чувствува забележан, слушнат и признат. Треба да се биде љубезен кон „гостинот во своето срце“, а тоа секако подразбира и меѓусебно разбирање и признавање на своите грешки и погрешно расудување.

To top