Живот и Стил

Се празнува Св. свештеномаченик Антипа Пергамски

Се празнува Св. свештеномаченик Антипа Пергамски

Мачеништвото на свети Антипа, епископот на Пергам, паѓа уште во првиот век по Христа. Неговиот случај бил познат низ целата тогашна провинција Азија, каде и се наоѓал овој град.

Го споменува и свети Јован Богослов во своето Откровение. Свети Антипа во тоа време беше светлината на Пергам, зашто тогашен Пергам беше полн со секакви заблуди, слично на големиот и познат Ефес. Не можејќи да го поднесат неговото сведоштво, локалните жреци го подигнаа народот против Антипа, го зграпчија и го фрлија во внатрешноста на еден вжештен бронзен вол што се наоѓаше пред храмот на Артемида.

Свети Антипа преку овој сетилен оган премина во благиот оган на вечното непосредно општење со единствениот Бог.

Поврзани теми

To top