Ако имате брат, тогаш знаете колку е посебна таква врска, без разлика што во детството можеби сте биле како куче и мачка.
Тука се кога ти треба рамо за плачење, заштитник, совет… Дури и науката докажа дека да имаш брат во животот значи да имаш многу придобивки.
Во продолжение само дел од тие придобивки – некои се потврдени од науката, а сите се потврдени од животот со браќата.
1. Луѓето кои имаат браќа се посочувствителни
Студијата од 2014 година на Универзитетот Бригам Јанг покажа дека растењето со брат или сестра може да ве направи посочувствителна личност. Освен тоа, истражувачите откриле и дека да имате брат или сестра влијае на тоа колку ќе бидете алтруисти.
2. Развивате подобри комуникациски вештини со вашите браќа
Истражувањата покажаа дека жените кои пораснале со браќа подобро комуницираат со мажи отколку жените кои се сами или имаат само сестри. Причината, меѓу другото, лежи во тоа што браќата се корисен извор на информации и совети во годините кога влегуваме во првите врски.
3. Браќата помагаат да се намали нивото на стрес
Кога брат ви е и најдобар пријател, веројатно ќе бидете помалку под стрес. Студијата од 2011 година покажала дека да се биде близок со најдобар пријател во тешки времиња го намалува нивото на кортизол, хормон кој го контролира стресот. Со други зборови, брат, кој е и ваш најдобар пријател, може да ви помогне да се смирите кога сè околу вас е хаотично.
4. Браќата влијаат на здравјето
Истражувањата покажаа дека ако вашиот брат е посветен на здрава исхрана и вежбање, поверојатно е дека ќе бидете исто така, а здравата исхрана и активниот живот имаат големо влијание врз здравјето.
5. Браќата разговараат со вас без двоумење
Девојките имаат поголема веројатност да ја комплицираат ситуацијата, но момчињата не. Затоа, кога ќе побарате совет од него, вашиот брат искрено ќе ги искаже своите размислувања, без премногу пакување. Тоа ќе го направи директно и искрено.
6. Околу твојот брат, можеш да бидеш таков каков што си
Твоите браќа те знаат во срцето и те сакаат онака каков/каква што си, па брат е личноста пред која можеш да подригнеш без никаков срам. Тоа се само ситуации кога и двајцата добро ќе се насмеете, без осудување.
7. Браќата се секогаш тука за вас
Дури и во оние моменти кога можеби не заслужувате поддршка или кога грешите, братот ќе застане зад вас. Тој ќе го стави својот грб дури и кога сите ќе се откажат од тебе.
8. Брат ти те сака безусловно, со сите твои маани
Можеби сте омилени на тато, но тато не знае половина од она што сте го направиле во животот. Од друга страна, братот е тој што те лажел кога треба за тебе и те познава до срж. Братот ги видел твоите најлоши изданија и те сака без разлика на се.
9. Братот разбира работи што никој друг не ги разбира
Вие двајца израснавте во иста куќа, ве воспитуваа исти родители, а само брат ви ќе разбере кога ќе му објасните зошто мајка ви ве изнервира или зошто татко ви испаднал лош. На братот можеш да им објасниш многу едноставно, во една реченица и тие ќе разберат се.
10. Никој нема да те насмее како брат
Вие двајца израснавте во исто опкружување, се смеевте на исти луѓе и форуми и со текот на времето изградивте свој внатрешен свет во кој само вие разбирате зошто е нешто урнебесно, додека другите само бледо ве гледаат.