Живот и Стил светски ден

Паркинсоновата болест најчесто се јавува од 45 до 65 години

Лекарите посочуваат дека со примена на адекватна терапија пациентите со оваа неизлечива болест можат да водат нормален живот.

Паркинсоновата болест најчесто се јавува од 45 до 65 години

Светскиот ден на Паркинсоновата болест се одбележува на 11 април.

Оваа болест е именувана по докторот од Лондон, Џејмс Паркинс, кој ги опишал првите симптоми на оваа болест во 1817 година.

Паркинсоновата болест е болест на нервниот систем што доведува до нарушена подвижност и моторни активности, а најчесто се јавува на возраст од 45 до 65 години.

Лекарите посочуваат дека со примена на адекватна терапија пациентите со оваа неизлечива болест можат да водат нормален живот.

Симптомите на Паркинсоновата болест вклучуваат тремор, болки во вратот и рамената, вкочанетост на мускулите, проблеми со рамнотежата и тешкотии во извршувањето на секојдневните активности.

Целта на одбележувањето на Светскиот ден на Паркинсоновата болест е да се подигне свеста за оваа болест како и да се поддржат напорите на сите светски организации за искоренување на оваа болест.

Најнови вести од Живот и Стил

To top