Живот и Стил Истражување

Мозокот веројатно може да задржи свест и часови по смртта

По проучувањето на искуствата близу до смртта на оние кои се опоравиле од срцев удар, дипломираната студентка на Државниот универзитет во Аризона, Ана Фаулер повика на повторна проценка на „реверзибилноста на смртта“, велејќи дека лекарите треба да продолжат да се обидуваат да ги реанимираат пациентите подолго време. Таа, исто така, забележа дека болниците треба „да ги повторат своите напори за реанимација“ и точката во којашто почнуваат да ги отстрануваат органите за донација.

Мозокот веројатно може да задржи свест и часови по смртта

Мозокот може да задржи одредено ниво на свест и часови откако лекарите ќе го прогласат пациентот за мртов, според податоците претставени на научна конференција во американската држава Аризона, објави денеска „Тајмс“ (The Times).

По проучувањето на искуствата близу до смртта на оние кои се опоравиле од срцев удар, дипломираната студентка на Државниот универзитет во Аризона, Ана Фаулер повика на повторна проценка на „реверзибилноста на смртта“, велејќи дека лекарите треба да продолжат да се обидуваат да ги реанимираат пациентите подолго време. Таа, исто така, забележа дека болниците треба „да ги повторат своите напори за реанимација“ и точката во којашто почнуваат да ги отстрануваат органите за донација.

Смртта е дефинирана како неповратно прекинување на циркулацијата и функцијата на мозокот, но точниот миг во којшто тоа се случува, според новите наоди можеби е потешко да се утврди отколку што се мислеше досега. Фаулер смета дека преминувањето меѓу животот и смртта можеби не е ненадејно исклучување на свеста, туку „постепен процес“ што науката може сè повеќе „не само да го одложи, туку и директно да го предизвика“, вели младиот научник. На состанокот на Американското здружение за унапредување на науката во Феникс, таа истакна дека има нови докази дека биолошките и невронските функции не престануваат нагло.

– Наместо тоа, тие се намалуваат во текот на минути до часови, што укажува дека смртта е процес, а не ненадеен настан. Истражувањата за срцев удар покажуваат дека до 20 отсто од преживеаните се сеќаваат на свесни искуства во времето на отсуство на кортикалната активност, а некои пријавуваат проверливи перцепции, рече Фаулер.

Таа разгледува 10-ци студии и академски публикации, вклучувајќи ги и оние за „невроелектрична активност на прагот на смртта“. Така, научен труд од 2019 година открива дека „мозокот е способен да испраќа електрични сигнали многу минути по смртта, или дури и часови ако се зачувани“, се цитира.

Сем Парнија, директор на истражувањето за интензивна нега и реанимација на Универзитетот во Њујорк, додаде дека многу луѓе кои умираат во болница, веројатно, ќе го чујат лекарот како го кажува „времето на смртта“, бидејќи остануваат свесни подолго од очекуваното. И труд од 2023., објавен во списанието „Ресаситејшн“ (Resuscitation) наведува дека свеста, будноста и умствените процеси можат да продолжат за време на срцев удар и до еден час додека се изведува реанимација.

– Смртта треба да се гледа како нешто што има различни фази. Имате, на пр., рак во трет стадиум, рак во втор стадиум… Така, постојат и фази на смртта, истакна Фаулер.

Според нејзиното излагање на конференцијата, потребни се натамошни истражувања и за проценка на најдоброто време за почнување со собирање органи од донатори по нивната смрт.

– Разбирањето на биолошкиот тајминг на смртта може да помогне во осигурувањето дека овие одлуки се донесуваат со научна точност и етичка јасност. Истражувањата покажаа дека мозокот не се исклучува веднаш кога срцето ќе престане да чука. Кратки налети на организирана мозочна активност, честопати наречени свест, може да се јават по срцев удар, а некои пациенти кои се реанимирани пријавуваат свесни искуства во текот на овој период, појасни Фаулер.

Тоа се луѓето за кои се вели дека имале искуства близу смртта или сеќавања на искуства со смртта, според нејзиниот заклучок.

To top