Живот и Стил

Како да се храните здраво за време на вашата бременост?

Како да се храните здраво за време на вашата бременост?

За време на бременоста телото се менува секојдневно, носејќи ја во себе магијата на нов живот. Со секоја промена – растат и потребите за нежна грижа и правилна исхрана – која не е само извор на енергија, туку и на љубов и сигурност што му ја подарувате на новото срце што чука во вас. Она што го храните во себе, го храните и во вашето бебе – темел за здрав, среќен и светол почеток на неговиот живот. Ви споделуваме неколку совети за конзумирањето на здрава храна и одржување на здрав женски ритам за време на вашата бременост.

  • Овошје и зеленчук – шарени чинии полни со витамини, минерали и влакна кои ја поддржуваат и мајката и бебето.
  • Интегрални житарки – овес, ‘рж, киноа или интегрален ориз за целодневна енергија.
  • Протеини – посно месо, риба, јајца, мешунки и јаткасти плодови – за развој на ткивата и органите на бебето.
  • Млечни производи – извор на калциум за здрави коски и заби.

Покрај органската dmBio храна, од особено значење се и неколку додатоци во форма на витамини и минерали како оние на Мivolis и кои треба да се дополнуваат во текот на бременоста за да го јакнете вашиот имунитет и да му обезбедите здрав и силен почеток на животот на вашето бебе.

  • Фолна киселина – за правилен развој на нервниот систем на бебето.
  • Железо – за превенција на анемија и за повеќе енергија.
  • Калциум и витамин Д – за здрав развој на коските и забите.
  • Омега-3 масни киселини – за развој на мозокот на бебето и на видот

А најпрактично е тоа што сите овие производи може да ги најдете во вашата најблиска dm дрогерија.

Желбите за храна се нормални, но важно е да се прави разлика помеѓу моментален апетит и вистинска нутритивна потреба. Малите, чести оброци можат да помогнат да се избегне гадење и замор. Здрава и избалансирана исхрана ви дава повеќе енергија и сила за да се справите со секојдневните промени и заморот. Тоа е вашата најубава инвестиција – и во сопственото здравје, и во иднината на вашето бебе. А и не е страшно ако од време на време се засладите и почастите со вкусни вафли прелиени со чоколадо, овошје или пак со органски агаве сируп.

To top