Живот и Стил

ФОТО: Мајка на 22 деца откри како купува подароци за празниците и колку троши, најголемиот проблем е каде да ги сокрие

ФОТО: Мајка на 22 деца откри како купува подароци за празниците и колку троши, најголемиот проблем е каде да ги сокрие

Празниците се се поблиску и поблиску, а размислувањето за купување подароци и ситници за најблиските веќе е во полн ек. Но, кога ќе ја погледнете ситуацијата на оваа мајка, сите мисли ќе ви станат лесни.

Сју и Ноел Редфорд имаат 22 деца и ја сакаат празничната магија во декември. Секоја година даваат се од себе на децата да им пружат вистинска новогодишна идила. Покрај тоа што максимално ја украсила својата огромна куќа со 10 спални соби, со четири новогодишни елки и 25 чорапи, оваа мајка опишала и како изгледаат празниците во нивниот дом, како и на кој начин секоја година им купува подароци на децата.

Сју открива дека секое дете троши помеѓу 100 и 250 фунти, а купувањето подароци е вистинска мисија. Вкупно таа подарува околу 300 подароци, а во тоа и помагаат писмата до Дедо Мраз кои децата ги пишуваат секоја година со список на желби.

Instagram / theradfordfamily

Сју и Ноел прочитаа некои од барањата, а оваа година децата се надеваат на шминка, бонбони, слушалки, најновите конзоли и комплет за боење, меѓу другите играчки.

Минатата година Сју ја бараше истата конзола низ сите продавници, но се откажа кога ја виде цената. Годинава ќе било поинаку, затоа што заштедиле малку повеќе. Што се однесува до штедењето, тие почнуваат да штедат неколку месеци пред празниците за да имаат околу 5.500 фунти за купување подароци.

И додека повеќето семејства ги оставаат подароците завиткани под елката, Сју има персонализирани кеси за секое дете за да не се мешаат подароците – и да заштеди пари со тоа што нема да мора да купува стотици етикети. Се разбира, пакувањето не е лесно, а Ноел и Сју исто така трошат неверојатни 70 ролни хартија за подароците секоја година.

– Купувам подароци во текот на целата година и ги завиткувам веднаш штом ќе пристигнат. Една од нашите најголеми главоболки за Божиќ е каде да ги скриеме сите подароци. Ги имаме насекаде – дури и во шкафот покрај бојлерот. Финтата е да се запамети каде – рече таа.

To top