Живот и Стил настинка

Еве кои намирници се добри да ги јадете доколку сте настинати

Во случај кога треба експресно да го засилите имунитетот, постои храна која може да ви помогне во тоа. Одредени намирници изобилуваат со витамини, минерали и други хранливи состојки важни за здрав имунолошки систем.

Истовремено, тие можат да ги ублажат непријатните симптоми на грип и настинка.

Јогурт

Во јогуртот има добри бактерии, пробиотици кои помагаат во одржување на рамнотежа на дигестивниот систем, што е клучно за здрав имунолошки систем.

Ореви

Содржат микс од хранливи состојки важни за здрав имунолошки систем. Тоа се витамините Б6 и Е, бакар и омега-3 масни киселини.

Лук

Кога станува збор за инфекции, лукот може да ви помогне поради неговите антивоспалителни својства. Може да го додатете во супа, тестенини, варен зеленчук и сосови.

Мед и ѓумбир

Медот го подобрува имунитетот и помага во ублажување на кашлица. Ѓумбирот е познат како намирница која помага да се ублажат мачнините и да се смири воспаление.

Цитрусни овошја

Лимон, портокал или грејпфурт, што и да одберете нема да згрешите. Богати се со витамин Ц, а за потребната доза на растителни влакна, најдобро е да ја изедете целата овошка.

Лосос

Лососот е преполн со омега-3 масни киселини кои имаат противвоспалително дејство и ја ублажуваат вознемиреноста, стрес фактор кој може да го наруши имунитетот.

To top