Не е тајна дека Меган Маркл е многу загрижена за своето здравје и благосостојба. Таа има дневна рутина која вклучува додатоци во исхраната, вежбање, акупунктура и јога.
Според Everyday Health, Маркл следи разновидна, но главно растителна исхрана. Нејзиниот пристап е повеќе фокусиран на тоа што да јаде отколку што да не јаде, но има две работи што таа не ги консумира: путер и кафе.
Путер
Наместо традиционалниот путер, Маркл претпочита да користи путер од јаткасти плодови, како путер од бадеми. Нејзината омилена закуска се парчињата јаболка со путер од бадем и морска сол.
-Ова е фантастична закуска. Јаболката обезбедуваат заситувачки влакна, а путерот од бадем содржи здрави масти, протеини и повеќе влакна. Солта може да ја нагласи сладоста, па додавањето малку е во ред, коментира диететичарката Ејми Горин.
Кафе
Многумина од нас се потпираат на кафе за да го започнат денот, но не и Меган Маркл. Таа претпочита зелен сок. Нејзината омилена комбинација е јаболко, кељ, спанаќ, ѓумбир и лимон.
Диетата базирана на растенија има свои здравствени придобивки и е поврзана со помал ризик за состојби како што се срцеви заболувања, дијабетес тип 2, висок крвен притисок, одредени видови на рак и дебелина.