Живот и Стил МПЦ

Денеска е Св.маченица Матрона

А кога најпосле господарката ја остави да умре од глад, го зеде телото на света Матрона и го исфрли од својата куќа.

Денеска е Св.маченица Матрона

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 март.

Денеска е Св.мач. Матрона.

Света Матрона беше по потекло од Солун, од сиромашно семејство. Беше слугинка во домот на еден солунски Евреин. Света Матрона не ја криеше својата вера во Христа и поради тоа многу претрпе од господарката на домот.

Поради нејзината вера во Христа, господарката ја затвораше во темна соба и ја измачуваше со глад.

А кога најпосле господарката ја остави да умре од глад, го зеде телото на света Матрона и го исфрли од својата куќа.

Солунските христијани го зедоа телото на маченицата и го погребаа, а кога почнаа да се случуваат чуда на гробот на света Матрона, на тоа место беше подигната црква посветена на нејзиното име. (МИА)

To top