Живот и Стил

Денеска е Св. Алимпиј Столпник

Денеска е Св. Алимпиј Столпник

Овој чудесен Алимпиј се роди во Хадријанополис, во Пафлагонија. Првин беше ѓакон во катедралната црква на градот, а подоцна се повлече и се настани на некои елински гробишта, што се наоѓаа надвор од градот.

Таму изгради црква, а до црквата висок столб, па се искачи на стобот и таму помина 53 години во пост и молитва. Овој чудесен столпник му стана така светилник на светот.

Подоцна, од двете страни на столбот се формираа два манастира, еден женски и еден машки, со кои управуваше свети Алимпиј. Се упокои, или поточно речено, премина во вечниот живот во 640 година, на 100-годишна возраст.

To top