Живот и Стил

Аеродром во Нов Зеланд воведе правило за три минути гушкање

Аеродром во Нов Зеланд воведе правило за три минути гушкање

Знак на аеродромот Данедин во Нов Зеланд стана вирален затоа поставува ограничување за тоа колку долго луѓето можат да се гушкаат во зоната за оставање патници.

-Максимално време за гушкање 3 минути. За подолги збогувања, ве молиме користете го паркингот, стои на неодамна поставениот знак.

Забраната за подолги гушкања предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, но претставник на аеродромот рече дека сето тоа било со цел добра забава.

-Знакот е во согласност со нашето брендирање кое треба да биде малку необично и забавно во начинот на кој испраќаме порака, рече генералната менаџерка на аеродромот Данедин за развој на бизнисот, Меган Крафорд за веб-страницата Stuff.

Во септември, аеродромските оператори го преместија местото оставање патници со возила на друга локација со цел да го подобрат протокот на сообраќај и безбедноста околу терминалот.

Со промената дојдоа и новите знаци. На друг пишува: „Тешко е да се каже збогум, затоа направете го тоа брзо. 3 минути максимум“.

Данедин е втор по големина град на Јужниот Остров во Нов Зеланд со околу 135.000 жители.

To top