Африканскиот слон Буби ја предвиде победата на Германија против Шкотска на отворањето на Европското фудбалско првенство.
Вечерва во 21:00 часот во Минхен со натпреварот меѓу Германија и Шкотска ќе започне 17. Европско фудбалско првенство.
Буби, која живее во резерват во германската сојузна покраина Тирингија, добила задача да го предвиди победникот на таа средба, пренесува АП.
Bubi the “oracle” elephant hoofed a ball into a goal marked with the German flag, confidently predicting victory for Germany against Scotland in the opening game of Euro 2024https://t.co/o9YdaiU8EX pic.twitter.com/gXT1dFLZcI
— Sky News (@SkyNews) June 13, 2024
Таа мораше да ја шутне топката кон знамињата на Германија и Шкотска кои беа од двете страни на импровизираниот гол. Топката се стркала кон германското знаме.
Буби, која по потекло е од Италија, го вееше знамето на нејзиниот нов дом и уживаше во кофа со јачмен.
Октоподот Пол од Оберхаузен стекна голема популарност за време на Светското првенство во 2010 година, бидејќи успешно ги предвиде резултатите на сите натпревари на германската репрезентација како и конечниот резултат од финалето во кое Шпанија ја совлада Холандија.