Занимливости

ВИДЕО: ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ ПО 109 ГОДИНИ – Чистеле ѓубре од плажа и пронашле писма од војници од Првата светска војна

ВИДЕО: ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ ПО 109 ГОДИНИ – Чистеле ѓубре од плажа и пронашле писма од војници од Првата светска војна

За време на чистењето на плажа во Западна Австралија, откриено е стаклено шише, а во него имало писма од двајца војници од Првата светска војна – напишани пред неверојатни 109 години!

Дебра Браун го изнесувала ѓубрето со своето семејство кога го пронашла шишето и пораките од Малколм Невил и Вилијам Харли, објавува UPI.com.

Почина на 28 години

Од писмата, таа открила дека Невил е по потекло од јужноавстралискиот град Вилковат, па го користела Фејсбук за да го пронајде неговиот потомок, Херби Невил.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Така дознала дека храбриот Малколм Невил имал 28 години кога починал во Франција, само неколку дена откако фрлил шише во морето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ABC Perth (@abcperth)


„Знам многу приказни за него“

Херби рекол дека знае многу приказни за својот предок благодарение на неговиот братучед, кој денес има 101 година.

„Неверојатно е колку многу се знае за неговото учество во Првата светска војна“, рече тој.

Дебра, исто така, успеала да стапи во контакт со семејството на Вилијам Харли, кое се вратил дома по војната.

„Дедо ја подаде раката од гробот“

„Сите сме воодушевени. Пет од внуците се уште се живи. Оттогаш сме во постојан контакт и едноставно не можеме да веруваме. Навистина чувствуваме како дедо да ни подаде рака од гробот“, рече внуката Ен Тарнер.

Професорката за океанографија од Универзитетот во Западна Австралија, Чарита Патиарачи, верува дека шишето поминало неколку недели во водата пред да стигне до Петтиот континент.

„Кога стигнало до брегот, можело да остане закопано во песокот 100 години“, рече таа.

To top