Занимливости франција

(ВИДЕО) На Ајфеловата кула поставен висечки мост на височина од 60 метри за посетителите

Посетителите на Ајфеловата кула отсега можат да преминат преку висечки мост со јажиња помеѓу два од столбовите на париската знаменитост.

Привремената атракција, која беше отворена вчера, се протега на 40 метри помеѓу првите нивоа на источниот и западниот столб на кулата и виси на речиси 60 метри над земјата.

До вчера попладне се формирала долга редица од нетрпеливи локални жители и туристи за да ја испробаат инсталацијата, пренесе ДПА.

Предвидено е мостот да остане отворен до 3 мај и е достапен за сопствениците на билети по претходна регистрација без дополнителни трошоци.

Завршена во 1889 година, Ајфеловата кула – позната и како Dame de Fer (Железната дама) – е една од најпопуларните знаменитости во Франција, па и во светот.

Минатата година, Ајфеловата кула ја посетиле малку помалку од 7 милиони луѓе, додека плоштадот под кулата, кој е слободен за пристап, примил 10 милиони посетители.

To top