Занимливости

ВИДЕО: Куќата на „Принцот од Бел-Ер“ оди на продажба

Инаку, сцените што ја прикажуваат внатрешноста на домот се снимени во студио, додека надворешноста на куќата стана една од најпрепознатливите во историјата на телевизијата.

ВИДЕО: Куќата на „Принцот од Бел-Ер“ оди на продажба

Куќата од популарната серија „Принцот од Бел-Ер“, најверојатно, ќе оди на пазарот по 48 години од последната продажба. Имено, извор за списанието „Пипл“ (People) изјави дека легендарното здание во Лос Анџелес, користено за снимањето на американската хумористична ТВ-серија, ќе биде ставено на продажба првпат по 1978 година.

Иако приказната се одвива во населбата Бел-Ер, куќата всушност се наоѓа во Брентвуд. Имотот е изграден во 1937 година. Има пет спални соби и пет бањи и се простира на повеќе од 5.500 квадратни метри. Фасадата со четири колони е неизбришливо поврзана со воведот и одјавата на серијата од 90-тите.

Последен пат е продадена пред 48 години за 732.000 долари. Цената по којашто ќе се продава овојпат, сѐ уште не се знае.

Инаку, сцените што ја прикажуваат внатрешноста на домот се снимени во студио, додека надворешноста на куќата стана една од најпрепознатливите во историјата на телевизијата.

Култната вила беше достапна и за изнајмување преку „Ер-БНБ“ во 2020 година, по повод 30-годишнината од серијата. Потоа, Вил Смит организираше виртуелен одмор за жителите на Округот Лос Анџелес во октомври. Гостите можеа да пробаат Џордан патики, да играат кошарка во спалната соба, да се релаксираат покрај базенот и да слушаат музика на грамофони.

Таа година, Смит повторно ги собра членовите на екипата: Карин Парсонс (во серијата Хилари Бенкс), Татјана М. Али (Ешли), Дафне Максвел Рид (Вивиен) и Џозеф Марчело (Џефри Бенкс).

To top