Занимливости за почит

ВИДЕО: Група пријатели се состанува секој четврток веќе 56 години – „Порано зборувавме за фудбал, а денес за пензија“

Групата, сега во раните осумдесетти, тврди дека пропуштиле состанок можеби десетина пати од далечната 1968 година, кога првпат седнале на пиво.

ВИДЕО: Група пријатели се состанува секој четврток веќе 56 години – „Порано зборувавме за фудбал, а денес за пензија“

Четврток е вечерта во малиот паб во Јоркшир наречен Белиот лебед, каде што група постари мажи седат околу масата со пиво и Гинис во тивко ќоше.

Пол Хејнс, Бил Манден, Кен Кинг, Питер Тирлвол, Брајан Ејрес и Дик Котон не можеа да замислат да ја поминат четврточната вечер на друг начин, бидејќи оваа средба стана навика пред повеќе од половина век.

Групата, сега во раните осумдесетти, тврди дека пропуштиле состанок можеби десетина пати од далечната 1968 година, кога првпат седнале на пиво.

-Многу ретко го пропуштаме четвртокот. Се случи неколку од нас да отидеме некаде во исто време на одмор. Кога ситуацијата е навистина очајна, најмалку сме тројца, гордо раскажува за Би-Би-Си пензионираниот електроинженер Питер.

Во 1960-тите, тогашните студенти Кен и Пол имале навика да седнат на пијачка по вежбањето голф.

Навиката брзо прераснала во непоколеблива традиција. Кен се пошегува дека ако некој член на друштвото пропушти состанок, ќе го следи „писмено предупредување“.

Бројот на групата не бил секогаш константен, бидејќи пријателите, колегите и соседите доаѓале и си оделе. И како што пријателите влегувале во различни возрасти, темите на разговор драстично се менувале.

-Порано зборувавме за фудбал и секс. Овие денови темите се простата и пензија, се шегува Питер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BBC News (@bbcnews)

Исти луѓе, различни пабови

Пријателите, сега во својата деветта деценија од животот, понекогаш се среќаваат во пабови во Шефилд и повремено ги посетуваат пабовите во Ротерам, бидејќи животот ги одвел во различни делови на Јужен Јоркшир.

Сепак, тие се трудат да останат лојални на местата каде што ги пречекале со отворени срца.

-Би рекол дека во просек одиме во ист паб девет години. Најчесто не е случај да престанеме да одиме некаде, туку местото да се затвори, вели Питер.

Ниту глобалната пандемија не можеше да ја прекине оваа традиција, бидејќи четвртокот стана виртуелна ноќ кога пријателите се слушале и се гледале преку Зум. Во тој период можеле да им се придружат старите пријатели кои го напуштиле Јужен Јоркшир и денес живеат преку океанот, па останала „новата традиција“.

-Сè уште организираме повик за Зум еднаш месечно, не сакавме да го прекинеме по Ковид, рече Кен.

To top