Искуството на една жена со затемнување на веѓите во домашни услови го остави интернетот во шок.
По нанесувањето на бојата, Мурен, кој е активна на Тик Ток под името „muir34nn“, случајно заспала и околу час и половина спиела со нанесената боја.
Откако се разбудила и сфатила што се случило, избезумено се обидувала да ја отстрани бојата.
Затемнувањето на веѓите е полутрајна процедура за шминкање која вклучува нанесување боја на веѓите за да се затемнат. Комплетите за нијансирање дома станаа сè попопуларни, но искуството на Мурен не помага во нивната промоција.
И покрај препорачаното време на задржување од само неколку минути, Мурен ненамерно ја оставила бојата долго време, што резултираше со тоа, таа воопшто да не може да ја отстрани бојата.
Во видеото, кое има неверојатни 39 милиони прегледи на Тик Ток, е прикажана нејзината реакција во моменти кога очајно се обидува да ја избрише бојата.
@muir34nn If u see me walking round like this, no u didnt. #sendhelp #browtint #fyp #fml #fail ♬ original sound – Muireann⚽️