Занимливости честитка доби и од принцот вилијам

СУПЕР БАБИЧКА: Британка го одбележа 102. роденден скокајќи со падобран – „Што и да се случи, не се откажувајте додека не сте приморани на тоа“ (ВИДЕО)

Според Бејли, тоа што таа останува во добро здравје и одлична форма е причина и натаму да прифаќа предизвици и бара нови возбуди, без страв. Како тајна на долгиот и исполнет живот таа ги наведува нејзината заедница, пријателите и тоа што постојано е опкружена со луѓе.

СУПЕР БАБИЧКА: Британка го одбележа 102. роденден скокајќи со падобран – „Што и да се случи, не се откажувајте додека не сте приморани на тоа“ (ВИДЕО)

Никогаш не си престар за скокање со падобран, вели Британката Манет Бејли, која со тандем-скок го прослави својот 102. роденден и со тоа стана нов национален рекордер во овој екстремен спорт, наведе „Индипендент” (Independent).

Авантуристката од Бенхол Грин во Округот Сафолк во југоисточна Англија, го одбележа својот роденден скокајќи од авион. Како воена ветеранка и членка на женската кралска поморска единица, таа била распоредена во Египет во Втората светска војна. Нејзиниот подвиг беше можност и да се соберат пари за три добротворни организации, што ѝ се „многу драги при срце“, како што рече.

– Секогаш треба да барате нешто ново. Некогаш бев во брак со падобранец, но никогаш не скокнав сама, изјави Манет пред последниот скок.

Таа живее во Бенхал Грин од 1961 година. Идејата да го одбележи роденденот со скок ја добила откако слушнала дека таткото на нејзината пријателка скокнал со падобран кога имал 85 години.

– Ако тоа може да го направи 85-годишен маж, можам и јас, вели Манет.

Таа доби поддршка од многу Британци, а и совети од професионални падобранци, како и писмо лично од принцот од Велс. Во својата порака до Бејли, принцот Вилијам пишува:

„Кетрин и јас слушнавме дека следната недела ќе го прославите својот 102. роденден со скок со падобран! Знаејќи дека го прославивте Вашиот 100. роденден возејќи со ‘Ферари’ околу ‘Силверстоун’, не сме изненадени“.

– Бидете зафатени, и заинтересирани за сè. Бидете добри со оние околу вас и дозволете им да бидат добри кон вас. И, не заборавајте да се забавувате!, рече позитивната бабичка.

To top