Занимливости

Што треба да исчистите во домот откако некој од домашните ќе добие грип?

Што треба да исчистите во домот откако некој од домашните ќе добие грип?

Кога некој во домаќинството има грип, веројатно нема да ви се допадне чистење и средување. Меѓутоа, токму тогаш е најпотребно да се започне со дезинфекција на домот.

Можеби ви нема логика од каде да започнете, особено ако се грижите за некого или самите сте болни, но всушност постојат упатства за тоа што прво треба да исчистите.

Дезинфекцијата е поважна од самото чистење

Во моментот не треба само да чистите, туку и да дезинфицирате. Вирусите кои предизвикуваат болести може да останат на површините по нормалното чистење, па затоа треба да преземете дополнителни чекори за да се ослободите од нив.

Започнете со чистење на површините со вода и обичен детергент за садови, а за време на сезоната на грип или откако некој ќе се разболи, следниот чекор е дезинфекција. Попрскајте ги површините со средство за дезинфекција и оставете го да отстои 10 минути пред да го избришете.

На кои области да им се даде предност?

Кога чистите за време на сезоната на грип, фокусирајте се на површините и областите што ви се најважни. Тоа се често користени места како бања, кујна и кваки.

Кога ја чистите бањата, задолжително користете средство за дезинфекција на тоалетната школка, чешмите и тврдите површини. Кога ја чистите кујната, мора да измиете сѐ што допрело болното лице, а тоа освен рачки, полици и садови, вклучува и копчиња на одредени уреди.

Исчистете ги сите кваки во домаќинството со средство за дезинфекција и измијте ги ткаенините што ги допрело болното лице, вклучувајќи облека, крпи, постелнина и полнети играчки,

Покрај тоа, не заборавајте на тврдите површини како што се шалтери, маси, далечински управувачи и друга електроника како телефони и таблети. Исто така, важно е да знаете дека некои од највалканите предмети во домот се клучевите и паричниците, бидејќи тие често се користат и се допираат со секакви раце.

Други чекори што треба да се разгледаат

Исфрлете ги четките за заби и заменете ги со нови. Истото важи и за кујнските сунѓери или кои било други производи за чистење за еднократна употреба кои ги користите само кратко време.

Кога ја чистите секоја соба, користете различни крпи, сунѓери или алатки за чистење за да избегнете пренесување бактерии од едно место на друго.

Секојдневно менувајте ги навлаките за перници, особено за болните луѓе и оставете го последно чистењето на постелнината додека не помине болеста. Треба да ја исперете целата постелнина на најжешкиот програм во машината.

To top