Занимливости Аксијален Гребен

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: До крајот на 2025 можна ерупција на голем подводен вулкан

Вулканот се наоѓа на длабочина од 1.400 метри под нивото на морето, додека неговата висина е 1.100 метри. Тој е познат како „најдобро инструментираниот подводен вулкан на планетата“, благодарение на каблите на морското дно што го следат секое негово движење, треперење, оток или „навалување“ во реално време.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: До крајот на 2025 можна ерупција на голем подводен вулкан

Вулканот наречен Аксијален Гребен (Axial Seamount), кој се наоѓа на околу 470 километри од брегот на Орегон, во западниот дел на САД, би можел да еруптира во 2025 година, предупредуваат научниците.

Вулканот се наоѓа на длабочина од 1.400 метри под нивото на морето, додека неговата висина е 1.100 метри. Тој е познат како „најдобро инструментираниот подводен вулкан на планетата“, благодарение на каблите на морското дно што го следат секое негово движење, треперење, оток или „навалување“ во реално време.

Геологот Марк Замберг од Институтот за океанографија Скрипс го опишува како „најдобро опремен вулкан во светот“. Благодарение на високото ниво на мониторинг, научниците можат однапред да ја предвидат неговата ерупција. Последен пат овој вулкан еруптираше во 2015 година, а сега покажува слична активност. Новата ерупција би можела да донесе важни информации за подобро разбирање на овој природен феномен, пишува Unilad.

Знаци за можна ерупција

Во ноември 2024 година, површината на Аксијалниот вулкан издува на иста висина како и пред ерупцијата во 2015 година. Ова укажува на акумулација на магма под морското дно и зголемување на притисокот во вулканот.

Според експертите од Државниот универзитет во Орегон, оваа ситуација е речиси идентична со онаа во пресрет на ерупцијата во 2015 година, кога истражувачите успеаја да ја предвидат ерупцијата, која беше наречена „најдоброто предвидување од ваков вид до денес“.

Револуција во предвидувањето на вулканите

Вулканологот Валерио Акочела од Универзитетот Тре во Рим, ја истакна важноста на овој вулкан за понатамошни истражувања.

-Аксијалниот вулкан е исклучително ветувачки за проучување. Неговото следење може да ни помогне подобро да ги разбереме механизмите на вулканските ерупции и евентуално да спречиме катастрофи, вели Акочела.

Новото истражување вклучува примена на вештачка интелигенција за анализа на податоците од земјотресите од пред ерупцијата во 2015 година. Оваа технологија може да открие модели кои би помогнале да се предвидат идните ерупции.

Иако ерупцијата на Аксијалниот вулкан во 2025 година нема да го револуционизира предвидувањето за ерупција, тоа, според Акочела, ќе биде значаен чекор напред.

To top