Необична приказна доаѓа од Тајван, а на тамошните друштвени мрежи предизвика бура од коментари.
Човек по име Фан се нашол во неволја, откако наводно го разоткрил изневерувањето на неговата сопруга поставувајќи камери во нивната куќа.
Двојката е во брак две години и има две мали деца. Во текот на 2022 година, Фан се посомневал во верноста на сопругата и ставил камера под клавирот во дневната соба и до компјутерот во спалната соба.
Две недели подоцна, тој ја гледал снимката и бил изненаден. Наводно, ја видел жена како има интимни односи со непознат маж, пренесува Oddity Central.
Тој го искористил експлицитното видео како основа за започнување на постапка за развод. Во февруари истата година ги повикал сопругата и нејзиниот адвокат да се договорат, но безуспешно.
Потоа поднел граѓанска тужба за оштета, но не сметал дека жената има „кец во ракавот“.
Таа отишла во полиција и го обвинила сопругот дека и ја нарушил приватноста поставувајќи скриени камери во куќата (без нејзина согласност). Таа на крајот поднела тужба, а Фан тврдел дека го сторил тоа бидејќи децата се пожалиле дека нивната мајка поминува „невообичаено долго време во бањата“.
Судот застанал на страната на жената, па тој е осуден на три месеци затвор за тајно снимање приватни активности, без претходна согласност.
Фан поднел жалба, но Високиот суд неодамна ја потврди првостепената пресуда. Тој ќе мора да помине три месеци зад решетки.
Бизарниот случај предизвика дебата на тајванските и кинеските мрежи за границите на приватноста и собирањето докази за неверство, како и за влијанието на модерната технологија врз семејните прашања.