Поминаа 56 години откако Џеролд Потер (53) се качил на лет за Далас од кој никогаш не се вратил. Надлежните до ден денес не можат да сфатат што се случило со него.
Човекот се качил на авион DC-3 на аеродром во Илиноис, придружуван од сопругата Кери, а се што се случило потоа останува шпекулација.
Потер работел како градски советник во Понтиак, а на 29 април 1968 година отпатувал за Далас, каде што се одржувала конференција на организацијата „Лајонс клубови“.
За време на летот ја известил сопругата дека оди во тоалет, а неколку моменти подоцна авионот се затресол.
Под претпоставка дека станува збор за турбуленции, никој не обрнал премногу внимание на настанот.
-Кога поминале 20 минути, жената се загрижила и ја повикала стјуардесата, пренесува АП.
The mysterious mid-air disappearance of Jerrold Potter.https://t.co/8HF20h98pq pic.twitter.com/1ayU1yj25B
— Undine (@HorribleSanity) February 20, 2023
Екипажот во кабината го проверил тоалетот и сфатил дека Потер го нема, а нивното внимание го привлекла полуотворената (излезна) врата.
Некако во исто време се запалило и светло во пилотската кабина, сигнализирајќи дека вратата е отворена. Тогаш во неверување се појавила стјуардесата.
-Мислам дека имаме проблем, се чини дека еден од патниците е исчезнат, рече таа.
Авионот принудно слетал во Спрингфилд, а никој не можел да сфати што се случило.
Истрагата на Федералната управа за авијација (ФАА) утврдила дека нема оштетувања на задниот дел на авионот, освен дека на подот бил пронајден ланецот кој дополнително ја обезбедувал вратата.
Се шпекулирало дека турбуленциите го фрлиле Потер на вратата, по што се скинал ланецот и тој испаднал од авионот.
Сепак, никој од патниците не слушнал тресок или вресок, што би било очекувано во таква ситуација. Работата да биде почудна, потрагата по неговото тело (во областа над која авионот прелетал) не дала резултати.
Сопругата подоцна ја тужеше авиокомпанијата и ги отфрли шпекулациите за самоубиство.
„Тој беше среќен и стабилен човек. Тој патуваше на состанок на клуб во кој беше истакнат член и со нетрпение го очекуваше тоа“, изјави Кери Потер.