Занимливости Македонски, а светски

Македонец кој црта патики за Роналдо, Дуа Липа, Мајли Сајрус и Рамос – Кристијано откако го видел овој детаљ наместо во неговиот музеј, решил да му ги подари на синот (ВИДЕО)

Грабулоски требало да црта патики и за Коби Брајант, но дента кога имал закажано состанок со тимот на Лос Анџелес лејкерс се случила хеликоптерската несреќа во која кошаркарот загина. Обувките за кои имал подготвено и скица никогаш не ги направил.

Македонец кој црта патики за Роналдо, Дуа Липа, Мајли Сајрус и Рамос – Кристијано откако го видел овој детаљ наместо во неговиот музеј, решил да му ги подари на синот (ВИДЕО)

Сатја Грабулоски осум години црта патики за познати личности.

Кристијано Роналдо, Дуа Липа и Мајли Сајрус се дел од големите светски ѕвезди за кои досега има направено обувки. Клиенти на неговата компанија „Свитхадот студиос“ (Swithadot Studios) биле и пејачот на „Уан рипаблик“, фудбалерот Серхио Рамос, како и продуцентот и диџеј Стив Аоки, со кого најави и деловна соработка, пишува Блумбер Адриа.

Грабулоски требало да црта патики и за Коби Брајант, но дента кога имал закажано состанок со тимот на Лос Анџелес лејкерс се случила хеликоптерската несреќа во која кошаркарот загина. Обувките за кои имал подготвено и скица никогаш не ги направил.

На оваа тема прилог направи и ТВ Стар во кои се вели и дека Роналдо откако ги видел патиките, наместо да завршат во неговиот музеј, тој му ги подарил на својот син.

Најнови вести од Занимливости

To top