Занимливости

Крадец уапсен при грабеж на стан – направил пауза да прочита книга

Крадец уапсен при грабеж на стан – направил пауза да прочита книга

Влегол во стан во зграда во Рим за да го ограби, но откако видел книга во спалната соба на сопственикот, седнал на креветот да ја прочита и така бил откриен, пренесуваат италијанските медиуми.

Веројатно мислел дека нема никој дома, но сопственикот на станот слушајќи звуци од спалната соба веднаш повикал полиција.

„Образованиот крадец“, 38-годишен Италијанец, како што пренесуваат локалните медиуми, е уапсен откако 71-годишниот сопственик на станот повикал полиција. Склоноста кон грчките епови и митови скапо го чинела, јавуваат локалните медиуми.

Медиумите пишуваат и дека крадецот бил пронајден во станот додека лежел на кревет и читал книга, а имал и торба со брендирана гардероба.

Крадецот ја читал „Gli Dei alle sei. L’Iliade all’ora dell’aperitivo“ од Џовани Нучи кој ја истражува „Илијада“ од гледна точка на боговите притоа истакнувајќи ја интерпретативната моќ на епското дело за разбирање на актуелните настани.

Гардеробата, како и книгата за Илијада, му биле вратени на сопственикот.

Најнови вести од Занимливости

To top