Многумина слушаат музика додека возат, без разлика дали се работи за радио, USB стик, апликации како Spotify или добри стари ЦД-а.
Студија, објавена од Compare the Market AU, покажа кои песни најмалку и најмногу им го одвлекуваат вниманието на возачите.
Анализирајќи ги песните од една од највисоко рангираните листи за возење на Spotify, истражувачите ги оценија врз основа на четири фактори – темпо, енергија, ритмичност и гласност.
Кои песни најмногу им го одвлекуваат вниманието на возачите?
Првото место со неверојатен „индекс на одвраќање“ од 78,76 отсто го зазема песната „Dragostea Din Teiи“ на групата О-Zone. Иако можеби нема да ја препознаете оваа песна по насловот, сигурнo сте ја слушнале илјада пати. Предизвикува зависност и поттикнува танцување, што секако не е пожелно кога сте зад воланот, пренесува магазинот City.
Втората песна што го одвлекува вниманието според истражувањето е „Empire State of Mind“ од Џеј Зи и Алиша Кис. Иако не поттикнува на танцување, оваа песна има многу привлечен рефрен и е тешко да не се пее.
Третото место на листата одвлекување на вниманието го зазедоа Black Eyed Peas и нивната песна „Pump It“, а на четвртото место „Wanna be Startin’ Somethin’“ на Мајкл Џексон. И двете песни имаат ритам што го олеснува удирањето со нозете, што е последното нешто што треба да го правите додека возите.
„All About That Bass“ на пејачката Меган Трејнор е на петтото место на листата на песни кои најмногу им го одвлекуваат вниманието на возачите.
Кои песни најмалку им го одвлекуваат вниманието на возачите?
Истражувачите откриле дека песната „Circle of Life“ од анимираниот филм „The Lion King“ има најнизок „индекс на одвраќање“ од сите песни вклучени во студијата, 18,91 отсто.
Уште една песна која сигурно нема да ви го одвлече вниманието додека возите е баладата „Wonderful Tonight“ во изведба на Ерик Клептон.
Трета на листата е „Brothers In Arms“ од Dire Straits. Тоа е песна со многу бавно темпо, што ја прави идеална за слушање во автомобил, кога ви треба максимална концентрација.
Хуманитарната химна „We Are the World“ е уште една песна со бавно темпо и е рангирана на четвртото место на листата на песни кои најмалку го одвлекуваат вниманието на возачите, со Bee Gees и нивниот хит од 1967 година „To Love Somebody“ на петтото место.