Занимливости

Кинески научници: На Марс имало вода до пред 750 милиони години

Анализирајќи ги податоците од роверот на Марс Жужонг, кинеските геолози откриле дека пред 750 милиони години сè уште имало вода на површината на Црвената планета, објави Синхуа

Кинески научници: На Марс имало вода до пред 750 милиони години

Анализирајќи ги податоците од роверот на Марс Жужонг, кинеските геолози откриле дека пред 750 милиони години сè уште имало вода на површината на Црвената планета, објави Синхуа.

Истражувањето на научниците од Институтот за геологија и геофизика при Кинеската академија на науките покажува дека вода во релативно големи количини постоела на Марс неколку стотици милиони години подолго отколку што се сметаше досега. Претходните научни претпоставки беа дека Марс влегол во својата сува фаза пред околу 3 милијарди години.

– Еднаквата дебелина и континуитетот на седиментниот слој ги исклучуваат можностите за вулкански ерупции или процеси предизвикани од ветер. Единственото разумно објаснување е дека во тоа време регионот бил во водна седиментна средина, слична на плитко море или големо езеро – изјави водечкиот истражувач Љу Ике.

„Џуронг“ слета во јужниот дел на рамнината Утопија во мај 2021 година, а до мај 2022 година помина 1.921 метар по површината, собирајќи клучни научни податоци. Ова истражување, објавено во списанието „National Science Review“, нуди нови сознанија за потенцијалната населивост и геолошките процеси на Марс.

To top