Занимливости експеримент

„Јадев по 720 јајца месечно чисто да видам што ќе ми се случи“: Доктор од Харвард вели дека се случило тотално спротивното од она на кое го учеле (ВИДЕО)

Д-р Ник Норвиц, докторанд по медицина на Харвард, изел 720 јајца за еден месец „чисто да види што ќе се случи“, а потоа заклучилдека се случило тотално спротивното од она што секогаш му го кажувале.

„Јадев по 720 јајца месечно чисто да видам што ќе ми се случи“: Доктор од Харвард вели дека се случило тотално спротивното од она на кое го учеле (ВИДЕО)

Д-р Ник Норвиц, докторанд по медицина на Харвард, изел 720 јајца за еден месец „чисто да види што ќе се случи“, а потоа заклучилдека се случило тотално спротивното од она што секогаш му го кажувале.

На фотографијата објавена со текстот кој излезе во британскиот „Daily Mail“, може да се видат повеќе од 40 големи картони – пакувања со јајца кои ги изел во текот на својот едномесечен експеримент.

Заклучокот што го донел врз основа на мерењата пред и потоа не можел да го очекува ниту да го претпостави – нивото на холестерол во крвта му опаднало?!

Инаку јајцата се сметаат за суперхрана меѓу редовните вежбачи, наведува „Daily Mail“. Меѓутоа, ако го прашате вашиот лекар за јајцата во вашата исхрана, голема е веројатноста тој да ви каже дека тие го зголемуваат нивото на холестерол во крвта и предизвикуваат проблеми со срцето.

Јајцата се „демонизирани“ со децении бидејќи нивните жолчки се богати со холестерол, масна супстанција која ги оштетува крвните садови кои директно го снабдуваат срцето со крв.

Сепак, најновите истражувања во последните години покажуваат мало директно влијание врз нивото на супстанцијата што се акумулира. Токму ова била идејата на експериментот на д-р Ник кој сакал да види што ќе се случи со неговиот холестерол. Она што го заклучил и што покажале мерењата е спротивно на верувањето на многу експерти – нивото на холестерол му опаднало спротивно на очекувањата. Барем тој така тврди.

Докторот тврди дека јадел 24 јајца дневно, а неговото ниво на лош холестерол ЛДЛ се намалило за 18 проценти. Овој тип на холестерол се смета за лош бидејќи создава наслаги во артериите, зголемувајќи го ризикот од срцев и мозочен удар.

Д-р Ник Норвиц има докторат од областа на метаболизмот на човечкиот мозок од Универзитетот во Оксфорд и моментално го завршува својот докторат на Харвард.

Тој објави и видео на Јутјуб во кое се обидува да докаже дека јајцата не го зголемуваат холестеролот.

Во таа прилика тој го кажал следново: „Појдов од хипотезата дека со јадење 720 јајца месечно, од кои само едно содржи 133,200 мг холестерол, моето ниво на оваа супстанција во крвта нема да биде зголемено – и не е. Дури и се намали“.

Во првите две недели од експериментот, тој јадел по 60 грама јаглехидрати секој ден, а падот на холестеролот го припишува на тоа бидејќи неговото тело ги користело тие јаглехидрати како енергија – јадел и банани, боровинки и замрзнати вишни со путер од макадамија. Докторот исто така вели дека јаглехидратите во исхраната помагаат да се намали нивото на холестерол во телото.

Кај луѓето кои не консумираат или многу малку консумираат јаглехидрати во исхраната, нивото на ЛДЛ нагло се зголемува бидејќи нивниот организам започнува да согорува масти користејќи ги како енергија наместо јаглехидрати.

Кај оние кои внесуваат доволно јаглехидрати се случува обратното – нивото на ЛДЛ опаѓа бидејќи организмот оттаму црпи енергија.

Многумина под видеото ги пишувале своите искуства со консумирањето јајца, а еден од коментарите гласи: „Јадам јајца речиси секој ден од мојот живот, веќе 67 години, во добро и во лошо, никогаш не сум се откажал од нив и сум во многу добро здравје – без лекари, без лекови“.

To top