Занимливости

Германец се претставил како директор на банка, му префрлиле 180.000 евра

Банката успеала да врати дел од парите. Според сегашната состојба, претрпената штета е петцифрена сума, соопшти полицијата, што значи дека таа веројатно е помала од 100.000 евра.

Германец се претставил како директор на банка, му префрлиле 180.000 евра

Сѐ уште непознат измамник успеал да ги убеди вработените во банка во јужногерманскиот град Швандорф да му префрлат пари така што им се јавил на телефон и се претставил како директор на таа институција. Така, деновиве се случил брз трансфер на преку 180.000 евра на странски сметки.

Банката ги исплатила парите пред нивниот сметководител да го забележи невообичаениот пренос на пари и да го прекине натамошното префрлање средства. Одговорниот вработен се јавил во банката најбргу што можел, па полицијата го презела случајот. Истрагата за измамата е во тек.

Банката успеала да врати дел од парите. Според сегашната состојба, претрпената штета е петцифрена сума, соопшти полицијата, што значи дека таа веројатно е помала од 100.000 евра.

Надлежните во банката додадоа дека за телефонски платни налози, повикувачот мора да биде проверен за автентификација „врз основа на неколку строги критериуми“. Тие се дефинирани на таков начин што „само сопственикот на сметката може правилно да ги репродуцира во целост“. Во овој случај, сепак, јавувачот бил добро информиран за тие подробности, се наведува во соопштението.

Со цел поголема безбедност во платежните трансакции, банката соопшти ќе се воведе нов начин на проверка на телефонската автентикација преку апликација за мобилен телефон.

To top