Занимливости се огласија лакост, мурињо....

ФОТО: Србин направи лого од повредата на Ѓоковиќ и стана вирален, нема кој не ја споделува фотографијата

Инаку, целта на Новак во преостанатиот дел од сезоната е да игра на Олимписките игри во Париз, каде би атакувал на единствениот трофеј што недостасува во неговата долга и богата кариера.

ФОТО: Србин направи лого од повредата на Ѓоковиќ и стана вирален, нема кој не ја споделува фотографијата

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ остана во добро расположение и покрај се што го снајде на Ролан Гарос. Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на турнирот, каде доколку српскиот ас не беше повреден ќе го чекаше Каспер Руд.

Новак го повреди менискусот на коленото на мечот со Франциско Серундола. Веднаш го оперираше коленото во Париз, почна со рехабилитација за што побрзо да се врати на теренот, а сподели слика на патерици…

Повредата на Ѓоковиќ ги инспираше креативните умови, па така Србинот Мирослав Вујовиќ, попознат како Графа од Њуз Нет и емисијата 24 минути со Зоран Кесиќ, направи ново графичко лого со повреден крокодил, заштитниот знак на спонзорот на Ѓоковиќ „Лакост“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Grafa (@graforidza)

Спонзорот на Ѓоковиќ „Лакост“ го објави новото лого посакувајќи му брзо закрепнување на тенисерот, а на Графа му се заблагодарија на креативноста.

Screenshot / lacoste

Познатиот „крокодил“, заштитниот знак на компанијата, поради повредата на Новак беше нацртан со завој на ногата.

Оваа фотографија стана вирална на социјалните мрежи. Ја сподели и самиот Ѓоковиќ, а рамнодушни на неа не останаа и голем број спортисти и фудбалски менаџери. Меѓу нив и Жозе Мурињо.

Screenshot / Instagram

Инаку, целта на Новак во преостанатиот дел од сезоната е да игра на Олимписките игри во Париз, каде би атакувал на единствениот трофеј што недостасува во неговата долга и богата кариера.

To top