Занимливости

Финците најсреќен народ во светот, а овој народ е најнесреќен – Македонците близу дното, посреќни од нас се граѓаните на Косово

Светскиот извештај за индекс за среќа што ја објавува мрежата за решенија за одржлив развој при Обединетите нации ја рангираше Македонија на 84 место, додека младите под 30 години во земјава се нешто посреќни и се наоѓаат на 67. место.

Финците најсреќен народ во светот, а овој народ е најнесреќен – Македонците близу дното, посреќни од нас се граѓаните на Косово

Истражувањето се заснова на проценката на луѓето за нивната среќа, како и на економските и социјалните податоци.

Извештајот разгледува шест клучни фактори: социјална поддршка, приход, здравје, слобода, благосостојба и недостиг на корупција. Финска е најсреќна земја во светот освојувајќи ја титулата седма година по ред.

Што се однесува на земјите од регионот, Словенија е на 21. место, Косово е на 29., Србија е на 37. место, Хрватска е на 63, Грција на 64.,, Бугарија на 81 место, Албанија на 87. украина е на 105. место, а палестинските територии на 103. место.

Авганистан откако Талибанците се вратија на власт во 2020 година, е на последното место од 143 земји. А на врвот на глобалното рангирање се скандинавските земји.

Теми на денот

To top