Парчето дрво кое ја одржа Роуз (Кејт Винслет) во живот во популарната сцена од Титаник е продадено на аукција за 718.750 долари. Уште од објавувањето на филмот во 1997 година, обожавателите се прашув дали дрценото парче било доволно широко за да ги собере двајцата (Роуз и Џек) на неа.
Реквизитот од култниот филм „предизвика многу дебати меѓу фановите“. Продажбата е направена за време на аукција на реквизити и костими во сопственост на ланецот ресторани и одморалишта Планет Холивуд.
View this post on Instagram
Во филмот, ликот Џек, кој го игра Леонардо ди Каприо, инсистира дека парчето дрво- дел од рамката на вратата – била доволно голема само за неговата избраничка Роуз.
Во една епизода од „Mythbusters“ од 2012 година, директорот на „Титаник“, Џејмс Камерон, откри дека добива десетици мејлови дневно во кои Роуз ја нарекува „себична“, а Џек „идиот“.
Но, тој стави крај на дебатата, велејќи дека Џек според сценарио мора да умре .
-Можеби се зафркнавме и дрвеното парче требаше да биде малку помало, но момчето мораше да умре“, рече тој.