Занимливости големо истражување

Дали вашето куче е на списокот? Овие раси живеат најдолго

Авторите успеале да откријат кои кучиња во просек живеат најдолго, а кои најкратко, а интересно е што должината на животот не зависи само од расата, туку и од големината и полот на ова животно.

Дали вашето куче е на списокот? Овие раси живеат најдолго

Малите кучиња со долг нос можат да живеат многу подолго од кучињата со кратки муцки и рамни лица, покажа новото истражување кое анализираше повеќе од половина милион кучиња.

Авторите успеале да откријат кои кучиња во просек живеат најдолго, а кои најкратко, а интересно е што должината на животот не зависи само од расата, туку и од големината и полот на ова животно.

Утврдено е дека машките кучиња со средна големина, кратки муцка, како што е англискиот булдог, живеат во просек три пати пократко од малите женски кучиња со долга муцка, како што е минијатурниот дакел или италијанскиот грејхаунд. Досега се направени бројни истражувања на оваа тема, но ова е прво истражување во кое детално се анализирани разликите меѓу животниот век на 150 различни раси, пишува „Дејли мејл“.

Интересно е што, без разлика на расата, женките во просек можат да живеат малку подолго од мажјаците (поточно околу 12,7 години, додека мажјаците околу 12,4 години).

За прецизни резултати, истражувачите од Англија анализирале неколку фактори, како што се расата, големината, обликот на лицето и полот. Просечниот животен век на сите кучиња бил 12 ипол години, но постојат одредени разлики во генетиката кои влијаат на должината на животот.

Иако сè уште не се утврдени прецизните причини зошто некои раси живеат подолго, а други пократко, научниците тврдат дека главна улога играат здравствените компликации, кои најчесто ги доживуваат кучињата со кратки муцки.

-Загрижени сме за кучињата со румени лица и кратки муцки, поради негативните влијанија од неодговорното одгледување и купување на овие раси, кои вклучуваат пократок животен век, како што е прикажано во ова истражување. Сакаме да им нагласиме на потенцијалните сопственици да размислат внимателно пред изборот на овие раси, рече експертот за кучиња Бил Ламберт.

Истражувачите ја составиле следнава листа на раси кои во просек живеат најдолго и најкратко, а интересно е што „моќните и опасни“ кучиња немаат толку долг просечен животен век како малите раси.

Најдолг животен век:

1. Ланкашир хилер: 15,4 години

2. Тибетски шпаниел: 15,2 години

3. Болоњско куче: 14,9 години

4. Шиба ину: 14,6 години

5. Папилон: 14,5 години

6. Хавански бишон: 14,5 години

7. Белгиски шпиц: 14,2 години

8. Лејкленд териер: 14,2 години

9. Куче тулеар: 14,2 години

10. Граничен териер: 14,2 години

Најкраток животен век:

1. Кавкаски овчар: 5,4 години

2. Канарско куче: 7,7 години

3. Кане корсо: 8,1 години

4. Англиски мастиф: 9,0 години

5. Мајмунски пинч: 9,3 години

6. Куче на светиот Хуберт: 9,3 години

7. Неаполски мастиф: 9,3 години

8. Бернардинац: 9,3 години

9. Англиски булдог: 9,8 години

10. Француски булдог: 9,8 години

Истражувачите се надеваат дека откритието ќе биде корисно за ветеринарите, научниците и идните сопственици да бидат свесни за „идните одговорности и потенцијалниот животен век на нивниот однос со нивниот крзнен пријател“.

To top