Новинарки од 52 земји кои работат автомобилизам го избраа светскиот автомобил на годината за 2024 година.
На овој избор, кој симболично беше објавен на 8 март, учествуваа 75 новинарки, а наградата за најдобар автомобил отиде кај Kia EV9.
Ова е првпат да победи целосно електрично возило, а пред оваа главна награда беа објавени и победниците во различни категории:
Автомобил подолг од 4,6 m: BMW Серија 5
Автомобил до 4,6 m: Volvo EX30
SUV: Kia EV9
4×4 и пикап: Volkswagen Amarok
Луксузен автомобил: Aston Martin DB12
„Изборот беше особено тежок оваа година. Секој од финалистите заслужено победи, но Kia EV9 ја симна предноста поради неговата способност да допре до возачите во најголемиот дел од светот, рече извршната претседателка Марта Гарсија.
При изборот беше земено предвид и дека автомобилот мора да биде нова генерација (не редизајн) и дека мора да се продава на најмалку два континента. Минатата година победник беше Kia Niro, во 2022 Peugeot 308, а во 2021 Land Rover Defender.