Технологија нова апликација

X лансира нова функција за разговор: Доаѓа ривал за WhatsApp и Viber

Платформата X воведе нова функција за разговор, која ги заменува постоечките DM пораки и ги претвора во услуга за пораки слична на WhatsApp, Telegram или Signal.

Новиот систем носи видео и аудио повици, испраќање разни датотеки, како и можност за уредување и бришење пораки. Исто така, постојат безбедносни опции како што се енкрипција од крај до крај и известувања кога некој ќе направи снимка на екранот.

Чет е веќе достапен на iOS и веб, додека верзија за Android наскоро ќе биде достапна. Најавена е и гласовна белешка за кратки аудио пораки.

Првата верзија на енкриптирани пораки пристигна на почетокот на годината, но беше привремено оневозможена во мај поради технички проблеми.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Сега, според центарот за поддршка на X, претходните ограничувања се отстранети, па затоа е можно да се енкриптираат групни разговори и медиумска содржина. Сепак, метаподатоците сè уште остануваат незаштитени, а компанијата отворено признава дека во моментов не спречува напади man-in-the-middle.

Беше објавено дека работат на алатки што би овозможиле проверка на автентичноста на енкриптираните разговори во иднина.

To top