Воопшто првиот тројно преклопен паметен телефон на „Самсунг“ (Samsung), којшто би можел да го добие називот „Галакси Ге фолд“ (Galaxy G Fold), е предмет на гласини со години. И, сега, се чини, оваа година, конечно пристигнува, објави порталот „Кликс“.
Но, лошата вест е дека, најверојатно, телефонот ќе биде достапен само во две земји.
Ваковиот потег на „Самсунг“ е веќе виден, бидејќи и специјалната серија „Галакси Зед фолд“ беше лансирана само во Јужна Кореја и Кина. Ако им се верува на најновите информации, претстојниот паметен телефон со троен преклоп, исто така, најверојатно ќе се продава само на овие два пазари.
Уредот е развиен под кодното име „Ку-7-М“ (Q7M), според наводите.
Новитетот би можел да пристигне на пазарот во октомври, но сè уште нема потврда за тоа. Од друга страна, јасно е дека производството ќе биде во многу ограничен број, што можеби ја објаснува ограничената достапност на само два пазари.