Светот се уште ги пренесува информациите за падот на Фејсбук и Инстаграм на глобално ниво кое се случи попладнево околу 16:30 часот по средно европско време.
Падот на платформите под заедничка капа на Мета на сопственикот Марк Цукерберк предизвика хаос низ целиот свет, но и потсмев на другите платформи кои функционираа без проблем како Х на Илон Маск.
Откако се врати во „живот“ Фејсбук милиони корисници веднаш го пребараа профилот на Цукерберк за да видат дали се огласил првиот човек на компанијата, но кај него засега стои последниот пост од минатата недела како јаде во Мекдоналд.