Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, како и апликациите Месинџер и Трејдс повторно работат за корисниците во Македонија и ширум светот.
За потсетување, популарните апликации на компанијата Мета престанаа да работат околу 16 часот и 30 минути, а проблемот наводно бил до нивните сервери.
Портпаролот на компанијата Мета, Енди Стоун изјави дека проблемот се санира, а очигледно е решен околу 17:20 часот по наше време.
Сепак, дел од корисниците на Инстаграм се уште се жалат дека имаат проблеми со оваа социјална мрежа и дека не може истата да функционира во целост, ниту почетната страница, ниту нивниот профил каде им недостасуваат следачи.