Љубов и Секс совет

Сигурни знаци дека вашиот партнер не ужива во креветот со вас: Сè е видливо ако знаете како да го забележите

Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегратки без причина, тоа е еден од знаците дека можеби некој почнал да го губи интересот. Секако, треба да се имаат предвид повеќе фактори, како што е можниот стрес од одредени причини.

Сигурни знаци дека вашиот партнер не ужива во креветот со вас: Сè е видливо ако знаете како да го забележите

Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегратки без причина, тоа е еден од знаците дека можеби некој почнал да го губи интересот. Секако, треба да се имаат предвид повеќе фактори, како што е можниот стрес од одредени причини.

Ако сте во долга врска, сигурно сте забележале дека вашиот сексуален живот има различни фази: моменти кога чувствувате голема привлечност и како да сте на постојан меден месец, но и моменти кога сте имале интимни односи многу ретко.

Многу парови во одреден момент „апстинираат од секс“, но сосема друго прашање е ако партнерот не ве привлекува сексуално.

Незаинтересираноста за секс може да ја повреди секоја личност, па иако тоа може да се должи на нешто сосема неповрзано со партнерите, како што е стрес на работа или исцрпеност, сепак важно е да ги препознаете вистинските знаци, затоа што на долг рок тоа може да влијае на врската или бракот и да биде причина да се впуштите во уште поголеми проблеми.

Кои знаци укажуваат на тоа дека партнерот не ужива во сексот?

Се однесува кон сексот како кон нешто рутинско

Ако гестовите на партнерот изгледаат повеќе механички за време на сексуалниот чин, тогаш сигурно ќе го препознаете тоа.

Сексот не може да го третирате како нешто рутинско, па ако некој од партнерите не сака да испробува нови начини на задоволство и не покажува нежност, љубов и страст, треба отворено да зборувате на оваа тема.

Ако продолжите да ги игнорирате тие знаци, проблемите само ќе ви се натрупаат, вие ќе се затворите во себе, а спалната соба ќе ви се претвори во стресна средина.

Допирањата и прегратките веќе не се толку чести

Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегратки без причина, тоа е еден од знаците дека можеби некој почнал да го губи интересот.

Секако, треба да се имаат предвид повеќе фактори, како што е можниот стрес од одредени причини, но, не молчете, туку зборувајте уште веднаш.

Физичкиот допир на партнерот е важен и не треба да се занемарува.

Нема предигра

Можеби ова ќе ве изненади, но предиграта е доста важна. Ако партнерот не се грижи за меѓусебните галења, допирања, прегратки, туку само сака секс набрзина, тоа не е добар знак.

Иако во повеќето случаи како причина може да биде стрес или умор, сепак, ако тоа продолжи, треба сериозно да размислите.

Избегнува зборување на таа тема

Разговарајте меѓусебно и заеднички пронајдете го коренот на проблемот.

Но, ако некој од партнерите секогаш менува тема и не сака да разговара за проблемите, тогаш тоа е знак дека можеби ви треба стручна помош.

Не иницира секс

Ако одамна партнерот нема иницирано секс и тоа ви изгледа чудно и невообичаено, тоа може да биде знак дека некој не ужива во сексот.

Така, наместо да се гушкате на каучот, партнерот седнува на другата страна, со телефонот во рака…

Вашиот допир го нервира

Најлошото од сето ова е да гледате дека партнерот се нервира секогаш кога ќе го допрете.

Ако дури и нормалното допирање по образите или држењето за рака на средина од разговорот создава непријатни чувства, тогаш тоа е силен показател дека некој од партнерите не ужива во сексот.

Во креветот се фокусира само на вас

„Не мора јас да доживеам оргазам“, „Не сум во моментот расположен/а, но ќе се погрижам за тебе“ – овие работи покажуваат незаинтересираност, затоа што сексот е нешто во што треба да уживаат и двајцата партнери.

Како да постапите кога ќе забележите дека партнерот не ужива во интимноста со вас?

Пред сè, имајте предвид дека разговорот е најважен. Изберете време кога и двајцата ќе бидете одморени и место каде што знаете дека нема да бидете прекинувани од никого.

Разговарајте за тоа што се случува во вашите животи и отворено кажете ги проблемите кои ги имате од сите области, а влијаат на вашиот интимен живот. Бидете отворени, но не заборавајте да бидете и поддршка и да покажете разбирање.

Покрај разговорот, кој може да ви реши многу работи, обидете се повторно да се поврзете со вашиот партнер, надвор од сексуалниот живот.

Размислете да поканете пријатели на вечера, да одите на планинарење, да играте друштвени игри и уште многу други секојдневни активности кои ќе ви носат задоволство и на двајцата.

Активно слушајте се еден со друг и поврзете се на едно поинакво ниво кое можеби сте го заборавиле. Градењето на исполнет сексуален живот главно се случува надвор од сексуалната врска.

Исто така, за да го „зачините“ сексуалниот живот, може да пробате да користите секс играчки за да го истражувате вашето задоволство. Клучот овде е да се биде отворен – ако наидете на секс играчка која ве привлекува, тогаш испробајте ја.

За крај, не заборавајте дека во сите врски постојат подеми и падови и тоа е сосема нормално. Важно е да бидете отворени еден со друг и навремено да ги идентификувате проблемите, со цел ефикасно да се справите со нив и да не дозволите на долг рок да ви ги нарушат односите.

To top